Нашата цел е да станеме првиот континент кој е неутрален на климата со целосно кружна економија. Ние сакаме да развиеме нови чисти технологии и да им помогнеме на граѓаните да се прилагодат, рече извршниот потпретседател на Комисијата

Спроведувањето на зелениот план на Европската комисија, што би чинело стотици милијарди евра, треба да се финансира преку комбинација на јавни и приватни фондови и заеми, рече во четвртокот, потпретседателот на Комисијата Франс Тимерманс(Frans Timmermans).

“Нашата цел е да станеме првиот континент кој е неутрален на климата со целосно кружна економија. Ние сакаме да развиеме нови чисти технологии и да им помогнеме на граѓаните да се прилагодат на новите можности за работа и трансформативните индустрии”,рече Тимерманс.

Тимерманс исто така надополни дека, ќе треба да се инвестираат „стотици милијарди евра“ за таа намена. Новата комисија ги стави климатските промени во првите редови на своите приоритети и веќе објави следната среда дека ќе објави зелен план.

Ова го потврди и претседателот на Комисијата Урсула фон дер Лејен(Ursula von der Leyen) во средата по првиот состанок на Колеџот на Комесарите, велејќи дека, Европа мора да игра водечка улога во борбата против климатските промени и дека клучното прашање е како ќе се финансира.

Затоа, дел од зелениот план ќе биде и предлог за формирање на фер транзициски фонд. Земјите и регионите што се повеќе зависни од јагленот ќе имаат полза од овој фонд.

Целта е сите земји-членки да постигнат неутралност на климата до 2050 година. Неутралноста на јаглеродот може да се постигне со максимизирање на емисијата на јаглерод диоксид, додека остатокот ќе се апсорбира во шуми, почви или преку технолошки решенија. Со оглед на потребата за големи инвестиции, Претседателот на Комисијата е многу критичен кон предлозите за намалување на одобрените средства во новата седумгодишна буџетска рамка за 2021-2027 година.

Dubai-Portal.                                                                                                           Zdf.