РИЈАД (АА) – Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдул Азиз, издаде кралски декрет со кој ќе се доделува државјанство на истакнати странски експерти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според новинскиот портал „Сабк“ (Sabq), декретот е со цел да се привлечат истакнати експерти да живеат во Саудиска Арабија за да придонесат кон напреден развој на Кралството.
Во декретот се вели дека Ријад ги има за цел експертите, вклучително и исламските научници, како и експертите за нуклеарна енергија и обновливи извори на енергија, медицина, фармакологија, компјутерски науки, нафта, вештачка интелигенција, роботика, екологија, астронаутика, авијација, култура, спорт и уметност.
Според саудискиот портал, декретот е издаден пред два месеци во согласност со „Саудиска визија 2030“, чија цел е да се создаде привлечно опкружување за истакнати иноватори и експерти да живеат во Кралството.
Сè уште не е дадено официјално соопштение од саудиските власти за декретот.








