Телата на сите Палестинците, кои ги убија Израелците, ќе ги држат окупаторските власти и нема да ги враќаат на нивните семејства за џеназе(погребување), без оглед на нивната политичка припадност, донесе решението за ново-инсталираниот министер за одбрана Нафтали Бенет. Палестинската власт ја осуди одлуката, велејќи дека со тоа Израел докажува дека е „терористички ентитет“.
Адала, правна група која се залага за арапски права во Израел, ја нарече практиката „колективна казна“. Исто така, ја осуди одлуката како кршење на меѓународниот и израелскиот закон, иако во 2018 година Израел донесе закон со кој на семејствата на убиените Палестинци, убиени од страна на Израел или починале во затворите, да можат да ги земаат нивните тела.
„Упатствата издадени од министерот за одбрана Бенет, се обид за трговија со телата на починатите лица, кои имаат право на почит и џеназе(погреб)“, рече Адалах. „Ниту една земја во светот не дозволува себеси да одржува и да користи тела како карта за преговори и политичко договарање. Овие практики го кршат меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права, вклучително и Конвенцијата на ООН против тортура, што апсолутно забранува вакво сурово, нехумано и понижувачко постапување “.
Израел ги задржува телата на Палестинците убиени од нивните војници, со цел да ги спречи нивните џеназиња да се претворат во прослави на нивното мачеништво. Исто така, ги користи како адут за договарање за трговија со смртните остатоци од израелски војници убиени на активна служба против Палестинците во Газа, за кои се верува дека ги држи Хамас.
Министерството за надворешни работи на Израел допрва треба да одговори на барањето на Јордан во вторникот, телото на еден палестински затвореник да биде ослободено за џеназе во кралството Хашемит. Сами Абу Диак почина во затвор, откако три години страдаше од рак на цревата. Тој беше уапсен од Израел во 2002 година и осуден на три доживотни казни, плус 30 години. Неколку операции во затвор резултираа во откажување на бубрезите и белите дробови, објасни палестинската комисија за затвореници.
Остатоците на Палестинците понекогаш, никогаш не ги враќаат на нивните семејства, дури иако тие се прибегнале кон правниот систем. Палестинските семејства кои ги изгубија своите случаи во израелските судови мораат да се помират со тоа дека, своите роднини ќе бидат погребани во неславните „Гробишта со броеви“, каде што Израел има остатоци од повеќе од 200 Палестинци. Масовните гробови се обележани со бројки наместо со имиња, а некои од телата се наоѓаат уште од почетокот на окупацијата на Израел од Западниот Брег во шестдневната војна во 1967 година.
Според Ал Џезира, во извештајот објавен минатата година од палестинските групи за права, се проценува дека најмалку 249 Палестинци се закопани во гробиштата во затворените воени зони низ Израел и окупираните палестински територии. Телата на девет други се задржани во болнички установи во Тел Авив.










