Кемал Пехливановиќ, очајниот татко од Босна и Херцеговина, пред неколку дена на неговиот Фејсбук профил објави дека, го продава својот бубрег за да го спаси животот на неговата ќерка Ламија. Ламија, според босанските медиуми, е родена со срцева мана, дијагностициран како АВСД и Микроцефалија, Велошизис (множества со аномалии). Поради расцеп на непцето, малата Ламија се храни преку сонда, а проблемот може да се реши со операција за која се бараше да собере 13.950 €.
Поради скапата операција, нејзиниот татко се понуди да го продаде бубрегот, но од продажбата на неговиот бубрег го спаси, еден од најпознатите Јутјубери во БиХ, Амир Хаџиќ, кој за малата Ламија издвои 10.000€.








