ТЕЛ АБЈАД/РАС АЛ АЈН (АА) – Сириската национална војска (СНВ), која се обидува да ја осигури безбедноста во регионите исчистени од терористите преку операцијата „Извор на мирот“, која ја започна Турција, од 9 октомври досега изгуби 251 војник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Војниците на СНВ и Турските вооружени сили (ТСК) продолжуваат со активностите за пребарување и одржување на фронтовите во регионите Тел Абјад и Рас ал Ајн, исчистени од терористите со операцијата „Извор на мирот“.
Според информациите на АА добиени од командантите на Сириската национална војска (СНВ), во борбата против тероризмот од 9 октомври загубиле 251 војник.
Исто така повредени се 760 војници, а еден војник е исчезнат и немаат никакви информации за него.
Сириската национална војска (СНВ) поддржана од Турските вооружени сили (ТСК) во судирите неутрализирала стотици терористи.
СНВ одигра важна улога и во операциите „Штитот од Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во изјавата на 19 ноември истакна: „Сириската национална војска (СНВ) се храбри војници, кои ја штитат својата земја и се борат против тие што ја напаѓаат нашата земја, заедно со нашите војници.“







