ТЕЛ АБЈАД (АА) – ОМЕР КОПАРАН –
Окупацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК го доведе до застој земјоделството во сириски Тел Абјад, што е главниот извор на егзистенција на населението, пишува Агенција Анадолија (АА).
Населението на Тел Абјад прави напори за да ги залечи раните по расчистувањето на регионот од терористите со операцијата „Извор на мирот“.

Во Тел Абјад се одгледува пченка, памук и пченица. Но поради 4,5-годишната окупација на ЈПГ/ПКК и скоро 9-годишната граѓанска војна, во земјоделството дојде до застој.
Мухамед Абдулхади, жител на селото Сукерије во подрачјето на Тел Абјад, во изјавата за АА вели дека терористите од зејоделците собирале данок.

„Терористичката организација претходно од нас земјоделците земаше данок. Не можевме да садиме како што сакаме. Немаше ѓубриво. Немаше семе. Очекуваме Сириската национална војска (СНВ) да ги поддржи нашите земјоделски потреби, како што се гориво и семе.“
„(Поради окупацијата на ЈПГ/ПКК) Веќе 4 години во селото не бевме во можност да садиме. Речиси сме мртви. Мојата земјоделска површина е таму. Но не можев да садам ништо“, вели земјоделецот Али Хамам.
Хамам рече дека очекуваат поддршка за да можат да ги посадат нивите.

Истакнувајќи дека ѓубривото е многу скапо, земјоделецот Џума Анејзан рече дека исто е и со горивото. „Парите што треба да ги користиме за дома, ги пренасочуваме за гориво.“
„Земјоделецот е мртов, уништен. Уморни сме од животот“, вели Анејзан.








