МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е загрижена поради плановите на НАТО за зголемување на буџетот и политиката на проширување на Алијансата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Нема да влеземе во трката за вооружување која е уништувачки за економијата“, потенцираше Песков во изјавата за медиумите во Сочи, коментирајќи во врска со тековниот Самит на лидерите на НАТО во Лондон.

Песков ги критикуваше плановите на НАТО за зголемување на буџетот. „Чекорите преземени во оваа насока ја потврдуваат нашата загриженост во врска со политиката на проширување на Алијансата. Ова создава загриженост кај нас.“

Наведувајќи дека Русија не планира да влезе во трката за вооружување со НАТО, Песков рече: „Како што истакна претходно рускиот претседател Владимир Путин, ние нема да влеземе во трката за вооружување, која е уништувачка за економијата.“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во изјавата дадена пред некое време рече дека буџетот на НАТО до 2024 година ќе се зголеми на 400 милијарди долари.