Хавана, САНА – Кубанскиот министер за надворешна трговија и странски инвестиции Родриго Малмиерка(Rodrigo Malmierca) потврди дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува Сирија на сите полиња.

На средбата со сирискиот амбасадор во Куба, Идрис Меја(Idris Mayya) во зградата на Министерството за трговија во главниот град Хавана во вторникот, Малмиерка ја истакна важноста да се искористат придобивките од достапните потенцијали за подобрување на односите меѓу двете земји во економскиот домен.

Разговорите за време на состанокот во најголем дел беа со сегашниот статус на билатералните односи меѓу Сирија и Куба, за нивно развивање и охрабрување, особено на економски план за да им служат на интересите на двете пријателски земји.

Амбасадорот Маја, од своја страна, посочи дека учеството на Сирија во 37-то издание на Меѓународниот саем во Хавана е значајна можност за изложување на некои сириски производи, за кои кубанскиот пазар им е потребен.

Тој ја потврди подготвеноста на Сирија да стори сé што е можно за да ги надгради економските односи меѓу двете земји за да биде на нивото на нивните истакнати политички односи.