АНКАРА (АА) – Турски учител по танц им ја враќа насмевката на децата со посебни потреби во Турција, но и во странство.
Метин Јазир, преку разни институции, во изминатите четири години ги учи танц децата во Босна и Херцеговина, Романија и во Турција.

Јазир за Агенција Анадолија (АА) истакна дека го открил интересот за танцување уште како дете, гледајќи шоу на телевизија.
Во наредните години тој имигрирал во Германија и таму ја научил техниката на тангото.

Покрај тоа, почнал да го учи својот внук, кој имал Даунов синдром, да танцува.
„Лицата со Даунов синдром се изразуваат преку пеењето и танцот, а уште подобро тоа го прават преку спортот“, вели Јазир.
Врската што тој ја воспоставил со својот внук прераснала во нешто многу поисполнително, а со текот на времето бројот на ученици по танц пораснал.
Говорејќи за неговата интеракција со учениците, вели: „Секој ден учиме по нешто ново и продолжуваме со прогресот.“
Јазир нагласи дека ги обучува и учителите.

„Учителите поминуваат многу повеќе време со нив, бидејќи институциите можам да ги посетувам само еднаш или двапати месечно.“
Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) го прогласи 3 декември за Меѓународен ден на лицата со посебни потреби во 1992 година, со цел да ги потенцира тешкотиите и проблемите со кои се соочуваат овие лица.









