АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, утре ќе допатува во Обединетото Кралство со цел да учествува на Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО кој ќе се одржи во Лондон по повод 70. годишнина од основањето на НАТО Алијансата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, на состанокот кој ќе се одржи помеѓу 3 и 5 декември, ќе учествуваат претседателот Ердоган, како и минисерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, инистерот за трезор и финансии, Берат Албајрак и министерот за национална одбрана, Хулуси Акар.
На состанокот на лидерите се планира да се потврди важноста на евро-интеграциската хармонија, како и на заедничкото дејствување во единство и солидарност против сите закани и предизвици, вклучувајќи го и тероризмот, во териториите на НАТО.
Исто така, на овој состанокт се предвидува да се разговара за напредокот постигнат во работите за адаптација на Алијансата во актуелната безбедносна средина, како и за подготовките на НАТО за 2020-ите години.
По состанокот се очекува да се прифати Лондонската декларација.
Ердоган во рамки на состанокот се планира да реализира средби со некои претседатели на држави и влади на земјите учесници.
Турскиот претседател ќе учествува на Четирилатералниот самит кој ќе се одржи со учество на лидерите на Обединетото Кралство, Франција и Германија.
На овој самит ќе се разговара за регионалните прашања, пред се за Сирија и Либија.
На последниот ден од посетата на Обединетото Кралство, Ердоган ќе учествува и на церемонијата за отворањето на џамијата Кембриџ.









