НЕВШЕХИР (АА) – Турските безбедносни сили во понеделникот запленија 165 килограми хероин во централната турска област Невшехир, јавува Агенција Анадолија (АА).

Припадниците на Полицискиот оддел за борба против наркотици конфискуваа хероин во течна состојба, во задниот резервоар за гориво на камион.

Во операцијата приведени се петмина осомничени.

Според полициските податоци, Турските безбедносни сили во 2018 година заплениле вкупно 17,3 тони херион, и привеле над 1.500 осомничени.