ДЕИР ЕЗ ЗОР (АА) – Терористичката организација ЈПГ/ПКК го запали кампот за бегалци во Деир ез Зор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според локалните извори, ЈПГ/ПКК го запали кампот каде што живеат 200 семејства, кој се наоѓа во близина на селото Џизре Елбухамит во регионот Деир ез Зор.
Се дознава дека терористичката ЈПГ/ПКК сака да се одмазди за смртта на еден член од нивната организација. Тие исто така се закануваат дека ќе го запалат и кампот од 300 шатори кој се наоѓа во близина на запалениот камп.
Во кампот беа населени лицата кои избегаа од територијата која се наоѓа под контрола на режимот во Деир ез Зор. По пожарот, жителите од кампот избегале во околните села.
ЈПГ/ПКК претходно ги запали камповите и земјоделските површини на цивилите.










