БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ), во однос на договорот потпишан помеѓу Турција и Либија за утврдување на поморските области, упати повик до Турција да се придржува на добрососедските односи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Комисијата на ЕУ, Питер Стано, на дневниот брифинг за медиумите истакна: „Без оглед на спорот, тој мора да се реши во рамките на меѓународното право и добрососедските односи.“
Стано, истакнувајќи дека ЕУ го задржува ставот за Турција во однос на настаните во Источен Медитеран, повика на дијалог и преговори.
– Турција е за преговори –
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 27 ноември во Истанбул се сретна со Фајез ал Сарај, претседателот на Советот на Претседателството и премиер на Владата на националната спогодба од Либија.
Во соопштението од Одделот за комуникации при турското Претседателство се истакнува дека на средбата помеѓу Турција и Владата на национално единство на Либија е потпишан „Меморандумот за безбедност и воена соработка“ и „Меморандумот за ограничување на морските области“, кој произлегува од меѓународното право со цел заштита на своите права.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, одговарајќи на прашањето за договорот потпишан со Либија за поморската надлежност во Источниот Медитеран, рече дека е одреден делот на морската област на западната граница, каде што Турција има своја надлежност.
„Турција пред да го потпише договорот ги повика страните на преговори за да се најде компромис во рамките на правото и сè уште е подготвена да преговара. Но, наместо започнување преговори врз основа на ставот на Турција, кој е базиран на меѓународното право, преземени се еднострани чекори и упатени се обвинувања кон Турција“, нагласи Аксој.









