Ирачкиот парламент го прифати барањето на премиерот Адил Абдул Махди за оставка, јавуваат локалните медиуми.
Премиерот во петокот изјави дека поднесува оставка поради антивладините протести и немирите што ја потресуваат земјата веќе два месеци.
„Поднесувам официјално барање до парламентот за оставка на функцијата премиер, за да може парламентот да размисли за нови кандидатури“, напишал Абдул Махди во изјавата.
Владата во оставка ќе продолжи на функцијата сè додека не се формира нова – максимум 30 дена.
Според АП, вчера 40 демонстранти загинале во немирите во Багдад, Наџаф и Насирија. Демонстрантите продолжуваат да ги затвораат патиштата во јужен Ирак.
Во демонстрациите на 1 октомври, загинаа најмалку 400 луѓе, а илјадници беа повредени.
Извор:sputniknews.com









