Најмалку девет лица загинаа, а тројца се повредени во пад на авион во американската држава Јужна Дакота, соопштија денеска локалните власти. Авионот со 12 патници се урнал веднаш по полетување од аеродромот во градот Чемберлен.

Локалните медиуми јавија дека во моментот на полетување на авионот кон Ајдахо Фолс, во сила било предупредување за зимско невреме. Властите соопштија дека лошото време ќе биде еден од факторите што ќе се испита, а по целосната истрага ќе биде позната и причината за несреќата.

Снежно невреме: Петгодишно дете го загуби животот во Аризона

Најмалку две лица, пак, загинаа во снежното невреме што ги погоди САД и предизвика бројни нарушувања во патниот и во воздушниот сообраќај. Во Аризона загинало петгодишно дете, а втората жртва на невремето е регистрирана во Јужна Дакота.

Фото: foxnews.com

Поради невремето одложени се многу летови на двата главни аеродроми во Чикаго, а многу беа и откажани. На меѓународниот аеродром во Денвер одложени се 182 летови. Снежното невреме предизвика многу проблеми и на автопатите ширум САД.

Nova.