БРИСЕЛ (AA) – Стотици жолти елеци се собраа денес пред зградата на Европскиот парламент во Брисел, јавува Агенцијата Анадолија (АА).

Граѓаните на Брисел се собраа за да им пружат поддршка на демонстрантите во Франција. Протестите се одржаа под опсежни безбедносни мерки. Демонстрантите се собраа на плоштадот Луксембург, каде се наоѓа зградата на Парламентот . Шетаа до плоштадот Шуман, пред зградата на Советот на ЕУ.

Полицијата направи барикади на плоштадот и на тој начин ги растера демонстрантите.

Демонстрантите во жолтите елеци прв пат на улиците на Париз излегоа на 17 ноември минатата година, а за неколку седмици собирите прераснаа во масовни антивладини протести на кои учествуваа и до 300.000 демонстранти.

Во текот на нередите на протестите во Франција загинаа најмалку 11, а повредени се повеќе од 4.000 лица.