АНКАРА (АА) – „Турција знае каде се наоѓа клучниот припадник на терористичката организација ФЕТО“, рече министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Знаеме каде се наоѓа Адил Оксуз“, нагласи Сојлу на една локална ТВ-програма.

Сојлу истакна дека Турција ќе продолжи да води борба против тероризмот во и надвор од своите граници.

Инаку, Адил Оксуз е таканаречениот „имам на членовите на ФЕТО во воздушните сили“, и клучна врска меѓу челникот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, со седиште во САД.

Терористичката организација ФЕТО изврши неуспешен обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во чии рамки загинаа 251 лице, а околу 2.200 лица беа повредени.