ЕДРИНЕ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на церемонијата на поврзувањето на плиноводот ТАНАП со Европа изјави: „Нагласувам дека ТАНАП е проект на мирот”, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во период од јуни 2012 година, вложивме големи напори во реализација на проектот ТАНАП. И покрај сите предизвици кои доаѓаа одвнатре и од надвор, регионалните тензии, па до сите нестабилности како што се директните судири, со проектот ТАНАП напредувавме според предвидениот план”, порача Ердоган.









