ХАГ (AA) – Неколкумина лица се ранети во нападот со ладно оружје кој синоќа се случи во холандскиот град Хаг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хашката полиција во пишано соопштение потврди дека има ранети во нападот кој се случи во центарот на градот.
Во соопштението се наведува дека нападот го извршило машко лице на возраст од 45-50 години.
Во тек е опсежна полициска потрага по напаѓачот.
Локалните медиуми јавувваат дека се хоспитализирани најмалку три ранети лица.
Безбедносните мерки во Хаг се засилени, а улицата во која се случи нападот е блокирана.









