ЛОНДОН (AA) – Познат е идентитетот на напаѓачот кој вчера (петок) изврши напад на Лондонскиот мост, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дваесетгодишниот Усман Кан е поранешен затвореник кој бил осуден за тероризам, и затворен и ослободен минатата година.
Заменик-директорот на метрополската полиција, Нели Басу, потврди дека моментално не бараат повеќе никого во врска со нападот во кој загинаа две лица.
„Осуден е за тероризам во 2012 година и познат им е на властите. Условно е пуштен во декември 2018 година“, рече Басу, наведувајќи дека полицијата ја пребарала неговата куќа.
Истакна дека се убиени две лица, меѓу кои е и една жена, а ранети се три. Нападот почна во текот на конференцијата за рехабилитација на заробениците затворениците во Фишмонгерс хол, а потоа продолжи на Лондонскиот мост, каде што напаѓачот е убиен.
Басу претходно изјави дека напаѓачот починал откако полицијата пукала во него во текот на интервенцијата. Полицијата соопшти и дека напаѓачот носел лажна експлозивна направа.
Според Басу, на местото на настанот и понатаму траат опсежните безбедносни мерки. Побара од граѓаните да бидат далеку од местото на нападот.
Безбедносните мерки во Лондон се зголемени и најавено е дека така ќе остане и понатаму. Запрена е и актуелната предизборна кампања во пресрет на претстојните предвремени избори во Велика Британија.
Нападот се случи вчера во попладневите часови. Со нож се нападнати пет лица.










