Црногорец со Порше се забил во друг автомобил во Швајцарија, тројца загинати

by Administrator

Три лица го загубиле животот вчера попладне во сообраќајна несреќа во кантонот Арагау во Швајцарија, јавуваат медиумите во регионот.

Како што пренесува Курир.рс, несреќата наводно ја предизвикал Дарко Г. од Црна Гора, кој со своето Порше удрил во друго возило со марка Рено.

До несреќата дошло кога мажот со Поршето се забил во автомобилот кој возел бавно во колона на автопат, каде се вршеле градежни работи.

Поршето долетало со голема брзина и возачот предоцна забележал дека едната лента од автопатот била затворена за сообраќај, поради работата на патот.

Поршето удрило во Реното, кое потоа се забило во камионот пред него. Сите три патници од Реното загинале на лице место.

 

You may also like