ЊУЈОРК (АА) – Животниот век во Соединетите Американски Држави (САД) продолжува да се намалува, како што беше и во изминатите неколку години, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што покажа истражувањето објавено во научното списание ЈАМА, меѓу главните фактори кои влијаеа на падот на животниот век на Американците се вбројуваат предозирање со лекови, самоубиства, болести поврзани со алкохолот и прекумерната дебелина.
Авторите на студијата наведуваат дека овие проблеми се сѐ поизразени од 1980-тите години.
Очекуваниот животен век во САД порасна за речиси 10 години во последниот половина век – од 69,9 во 1959 година на 787,9 години во 2016.
Интересен податок е дека темпото на раст на животниот век во САД со текот на времето забави, додека другите развиени земји со високи приходи и понатаму бележат стабилен раст на животниот век.
По 2010 година, очекуваниот животен век во САД беше речиси непроменет, а во 2014 година почна да опаѓа, тренд којпродолжи и следните три години.
Така, животниот век во таа земја од 78,9 години во 2014. е намален на 78,6 во 2017 година.
Во студијата се наведува дека САД забележале поразителни податоци иако земјата најмногу троши на здравствената заштита по глава на жител од која било друга држава во светот.










