Четири трупови попладнево се извлечени од урнатините по разорниот земјототрес во Албанија, со што бројот на загинати се зголеми на 46.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 17:15 извлечени се трупови на цело семејство кои спиеле кога се случил земјотресот во зградата која се сруши целосно.

Силниот земјотрес беше со јачина од 6.4 степени по рихтер, а во изминативе два дена регистриранинсе повеќе од 600 афтершокови.

TV21