Меѓу бројните жртви од силниот земјотрес што ја погоди Албанија во вторникот наутро и девојката на синот на премиерот Еди Рама, објави италијанската новинска агенција АНСА. Грегор Рама со своите следбеници на Инстаграм сподели дека во урнатините во Драч е пронајдено тело на нему блиска личност, а албанските медиуми препознаа дека станува збор за 24 годишната Кристи Рици.
Кристи беше извлечена заедно со телото на нејзиниот татко, 54 годишниот Едуардо додека неколку часа подоцна беа извлечени и нејзината мајка Долоре (49) и нејзиниот брат Клаус (21).
Порталот „Балканвеб“ објави вест дека погребот бил извршен денеска во Драч во присуство на неколку стотици сограѓани, но забележа дека меѓу присутните не бил ниту Грегор ниту било кој член на семејството Рама.
Според Анса, Грегор и Кристи беа во врска неколку години за што знаеја само нивните најблиски пријатели.
Nova.








