Ја изградил Сулејман паша во 1573 година, а подоцна т.е. во 1912 година, по бомбардирањето за време на Балканските војни, минетеро беше срушено. А денес, после 107 години, повторно се слушна езанот од Алипашината џамија.

Во времето на бомбашките напади за време на балканските војни, минарето на Алипашината џамија беше уништено, а денес со реконструкција од страна на Генералната дирекција на вакафи на Турција, свелено беше отворена за обавуање на 5-те дневни намази, како и останатите исламски свечености.
На свеченото отворање не почестија заменик министерот за култура и туризам на Турција, Ахмет Мисбах Демриџан, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Сулејман Реџепи, потпретседателот на Управата за верски работи на Република Турција – Дијанет, Бурхан Ашлиен, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, генералниот директор на бакафите, Аднан Ертем, заменик претседателот на Собранието на Северна Македонија , Зеќир Рамчиловиќ, охридскиот муфтија Самет Хајдари и останати муфтии од Северна Македонија, претставници на турските институции во Северна Македонија, претставници на политичките партии од земјава, како и други бројни гости.
Реставрацијата за Алипашината џамија чинеше 14 милиони лири (околу 2,2 милиони евра)
Видео снимките во скоро време ќе бидат објавени. Бидете во тек.
























