Техеран го повика својот норвешки претставник да му изрази „силен протест“ поради палењето на Кур`анот на антимуслиманскиот митинг во Норвешка, придружувајќи му се на Пакистан, и осудувајќи го, за што сметаат дека е поттик за омраза и поделба.
Иранското Министерство за надворешни работи во понеделникот издаде соопштение во кое предупредува дека палењето на Кур`анот може да има „опасни последици во ширењето на екстремизмот и насилството“ и инсистира на тоа сторителот се соочи со казна.
„Невозможно е да се навредуваат верувањето и светоста на над 1,5 милијарди муслимани ширум светот под изговор на слободата на изразување“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.
Норвешкиот претставник, кој моментно служи во Техеран, наместо амбасадор, изјави дека ќе му пренесе порака на Осло, додавајќи дека неговата влада најостро го отфрлила настанот, што се случи на политичкиот митинг во Кристијансанд минатата недела.
На митингот, Ларс Торсен, водач на Стоп исламизација на Норвешка (СИАН), фрли копија од Кур`анот во контејнер и се обиде да запали друг, започнувајќи насилна расправија со контрапротестант. Инцидентот предизвика контроверзии на Интернет, особено во Пакистан и на други места во муслиманскиот свет, каде анти-демонстрантот е прогласен за херој.
Покрај поплаките поднесени во Иран и Пакистан, турското Министерство за надворешни работи, исто така, се обиде да го осуди чинот, велејќи: „Ние остро го осудуваме непочитувањето на нашата света книга“.
https://youtu.be/PsIJmk3aTZE
Извор:logicno








