ТИРАНА (AA) – Најмалку 30 лица загинаа во разорниот земјотрес кој вчера наутро ја погоди Албанија, соопштија албанските власти, јавува Агенција Анадолија (АА).

Акциите за барање и спасување траат и денес на подрачјето на Туман во Драч. Спасувачи од Албанија, Турција, Косово и други земји ја продолжуваат потрагата по лицата за кои се сомнева дека се наоѓаат под урнатините.

Според податоците од Министерството за здравство и социјална заштита, 658 лица добиле медицинска нега во болниците и моментално се лекуваат 65, од кои 8 се во критична состојба, јави новинарот на АА од лице место.

Според официјални податоци на Министерството за одбрана, во кампот поставен во Туман во близина на оштетени згради, во 67 шатори сместени се 700 жители.

Во Албанија е Ден на жалост, а знамињата на сите институции се спуштени на половина копје. Локалните и меѓународните спасувачки екипи и понааму ги пребаруваат срушените згради во потрага за преживеани.

Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека на 658 лица повредени од земјотресот им била дадена лекарска помош во болниците, каде што моментално се лекуваат 65 повредени, од кои 8 се во потешка состојба под надзор на лекарите.

Според официјалните информации на албанското Министерство за одбрана, подигнати се 67 шатори на кампот поставен во Тумана и во близина на оштетените згради, во кои се сместени 700 жители.

Во близина на камповите поставени во градот Драч и некои села, подигнати се 181 шатор, во кои се сместени околу 1450 жители.