„Со партиски министри и директори, не можат да се прават успешни образовни реформи во земјата“. Вака претставникот на Унијата на средношколци на РСМ Бленди Ходаи се обрати на средбата со претставниците на Владата насловена како „За децата, од децата“ по повод Светскиот ден на децата и 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата на ОН. Ова како што рече Ходаи е парафраза на изјавата на поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава Ерван Фуере.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на Ходаи на средбата што се одржа во Владата.

-Јас го застапувам ученичкото движење познато како „Унија на средношколци во РСМ, движење кое е најпозитивниот демократски пример за начинот како треба да се застапува гласот на учениците во институционални и државни инстанции, за што говори истражувањето на германската организација “International Youth Service”, која истакнува дека Унијата е гласот кој им недостасувал на учениците изминативе години во РСМ. Ние сме актуализирале многу проблеми на учениците, само за време на нашето двегодишно функционирање.  Нашите успеси се пример за тоа колку способни се младите луѓе во оваа земја, еве ќе ги спомнам некои од постигнувањата:

1.Ние сме првата Унија на средношколци на РСМ, кои сме ги обединиле сите ученици без разлика на нивниот етнички или религиозен „background“
2. Првата Унија на РСМ која делува во седум градови, и до 2022 наша цел е да сме присутни во сите градови на РСМ а и пошироко
3. Првата Унија на средношколци на РСМ чиј стратешки партнер е Унијата на средношколци на Белгија и Норвешка.
4. 45% од застапничките и припаѓаат на женскиот пол.
5. Стратешкиот план 2019 – 2022 на Унијата, се зема како пример за изготвување на истиот во Младинските совети на неколку општини на РСМ.

Но, овие достигнувања и овој наш, толку моќен глас, постојано се игнорира од Вас г. Арбер Адеми, бидејќи вам не ви се допаѓа конструктивната критика.

Ќе цитирам една изрека на Томас Џеферсон (Thommas Jefferson):  „Ниеден народ ниту бил, ниту никогаш истовремено ќе биде и неук и слободен“. Нашата состојба во образованието укажува на процес, кој ја води држава кон губење на слободата – преку незнаењето кое се гради од Вас г. Арбер Адеми, ние ја губиме слободата и се помалку ќе правиме квалитетни и правилни избори во индивидуалниот и колективниот живот на учениците и студентите, на нашето општество.

Ние сме ги актуализирале и ќе продолжиме да ги актуализираме образовните проблеми во нашата земјата, како што се:  партизација на образованието, недостаток на учебници и ревизија: Вие инвестирате во спортски сали, ( што е во ред) но заборавате дека ние немаме учебници, булизмот во училиштата и безбројните проблеми – и нашите барања околу овие проблеми сте ги игнорирале, почитуван министер.

Ние како Унија, сметаме дека решавањето на бројните проблеми во образованието, бара вклучување на повеќе владини ресори и посебно на ресорот Економија, бидејќи не може да размислуваш за образование на успешен начин, ако истовремено не размислуваш и за економија, и спротивното.

Ние ќе продолжиме да говориме за нашите проблеми, министре, иако Вам не ви се допаѓа, но за нас и посебно за мене, образовниот систем и проблемите на учениците се мојата Ахилова пета.

И на крај ќе ги парафразирам зборовите на поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ерван Фуере: „Со партиски министри и директори, не можат да се прават успешни образовни реформи во земјата“.

Nova.