ТУМАНА (АА) – Активностите за пребарување и спасување во областите погодени од земјотресот во Албанија продолжуваат и денеска, а бројот на загинати се покачи на 27, јавува Агенција Анадолија (AA).

Активностите за пребарување и спасување продолжуваат под зградите кои беа срушени од земјотресот на 26 ноември во административната единица Тумана во округот Драч.

Пребарувањата под една урната зграда завршија денеска со извлекување на две тела од урнатините, додека спасувачите од Албанија, Турција, Косово и од други земји продолжуваат со потрагата по неколку лица за кои се верува дека се наоѓаат под урнатините.

Според официјалните податоци од Министерството за одбрана на Албанија, бројот на загинатите лица е 27.

Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека на 658 лица повредени од земјотресот им била дадена лекарска помош во болниците, каде што моментално се лекуваат 65 повредени, од кои 8 се во потешка состојба под надзор на лекарите.

Според официјалните информации на албанското Министерство за одбрана, подигнати се 67 шатори на кампот поставен во Тумана и во близина на оштетените згради, во кои се сместени 700 жители.

Во близина на камповите поставени во градот Драч и некои села, подигнати се 181 шатор, во кои се сместени околу 1450 жители.