Општина Тетово прати 24 тони помош за настраданите во Албанија

by Administrator

Општина Тетово како помош за настраданите од земјотресот во Албанија денес ја испрати првата пратка со 24 тони со храна, хигиенски средства, облека, ќебиња и други работи.  По повикот на општината оваа помош беше складирана на собирниот пункт во кругот на противпожарната единица.

-Општина Тетово одвои и 25 илјади евра преку реорганизација на буџетските средства. Со оглед дека имаше голема заинтересираност на луѓето отвори пункт за собирање на хуманитарна помош. Одговорот на граѓаните, организации и фирми резултираше со првата пратка од 24 тони која оди денес за Албанија. Сметавме дека денес со ова ќе завршиме со ваквите активности но поради големата заинтересираност утре ќе имаме уште една пратка со минимум од овие димензии, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Од општина Тетово, поточно од Територијалната противпожарна единица е испратена и стручна помош.

-Противпожарната единицаи со тим од пет членови тренирани за спасители заедно со средства за работа и орпема се веќе таму и се надеваме дека ќе си помогнеме колку што можеме да се спасат човечки животи, рече Арифи.

Помош за настраданите во земјотресот во Албанија се собира низ Тетово на уште десетина локации, како на плоштадот, пазарот, во училиштата и Универзитетите и други места.

Press24

You may also like