Предмалку нов силен земјотрес повторно ја погоди Албанија. Земјотресот е со јачина од 5.3 степени според Рихтер, на 24 км од Драч.
Земјотрес со јачина од 6.0 по Рихтеровата скала утрово во 8 часот и 26минути го погоди и грчкиот остров и познато летувалиште за богатите Крит.
Инаку Крит се наоѓа на истата сеизмичка плоча како и Балканот кој вчера беше погоден со над 50 земјотреси од кој и повеќе силни земјотреси со над 4.5 по рихеровата скала.
Освен најголемиот во Албанија, во одделни земјотреси се тресеше Турција, Босна и Херцеговина а силните потреси ги почувствува цел Балкан па и кај нас во Македонија. Се надеваме дека што побрзо ќе се смири земјата.


















