Силен земјотрес ја погоди Грција

by Administrator

КОМОТИНИ (АА) – Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер утринава го погоди подрачјето на Грција, јавува Anadolu Agency (AA).

Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) наведе дека епицентарот бил на длабочина од 56 километри. Регистриран е на 265 километри од Атина, а на 40 од Платанос. Подрачјето на Грција и синоќа го потресе посилен земјотрес.

Ова е еден од низата силни земјотреси што во последните 24 часа го погодија Балканот.

You may also like