АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со земјотресот во Албанија: Го повикувам целиот исламски свет да ја поддржи Албанија“.

„Сметам дека треба да застанеме покрај Албанија, тоа треба да биде особено должност на нашата Исламска организација за развој. Мислам дека ќе биде многу корисно да се преземе овој чекор. Тоа е братска должност, корисно е да се преземе таков чекор.“

Ердоган рече дека по веста за земјотресот двапати разговарал со премиерот на Албанија, кој го информирал дека бројот на загинати од земјотресот е 26.

„Меѓу членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации, мислам на постојаните членки, нема ниту еден муслиман, ниту пак земја во која народот е муслимански. Невозможно е до бескрај да продолжи овој неправден систем изграден од страна на победниците во Втората светска војна“, рече Ердоган.