ГАЗИАНТЕП (АА) – Турскиот потпретседател, Фуат Октај, денес изјави дека околу 370.000 сириски бегалци, што биле во Турција, доброволно се вратиле во областите ослободени од терористите во нивната родна земја, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Околу 370.000 лица од нашата земја се вратија во областите расчистени од тероризмот“, изјави Фуат Октај на Меѓународниот форум за локални решенија на миграциите и раселувањето во југоисточната област Газиантеп.

„Ние ги даваме сите услуги, особено од областите на безбедност, здравје, образование и засолниште, пат, вода и електрична енергија во употреба на Сиријците без никаква дискриминација“, додаде Октај.

Тој повтори дека Анкара е посветена да формира мировен коридор без оглед на странската поддршка.

Октај нагласи дека во турските антитерористички операции се формирани безбедносни области во Сирија и дека со нив е помогнато враќањето во нормала на животот во тие области.

Операцијата „Штитот на Еуфрат“ и операциите по неа „Маслинова гранка“ и „Извор на мир“ беа со цел елиминирање на терористичките елементи на ДЕАШ и ЈПГ/ПКК во близина на турската граница.

Анкара сака да го расчисти северниот дел на Сирија источно од реката Еуфрат од терористичката ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.