Шефот на државата Стево Пендаровски денеска од Скопје ја дообјаснуваше својата изјава за иселувањето. Граѓаните си заминуваат поради претераната партизација, вели тој.
Треба наместо да зборуваме во чие време колку луѓе се иселиле, да го средиме тој проблем, бидејќи не сме за фалење. Иселувањето не може целосно да се искорени, тоа не се случило никаде во светот, но може да се намали. (…) Поради претераната партизација се селат граѓаните, тоа мора да се смени“, рече Пендаровски. Иселувањето од земјата повторно се наметна како тема по изјавите на Пендаровски. Според податоци на Обединетите нации и Светската банка, во изминативе децении од Северна Македонија се иселиле повеќе од 500 илјади луѓе. Организацијата за економска соработка и развој проценува дека во периодот од 2012 до 2016 година, годишно од земјата се иселувале над 20 илјади граѓани, или вкупно повеќе од 115 илјади.










