THE HAGUE: Холандски Фокс Спортс во понеделникот ја суспендираше поранешната холандска звезда Марко ван Бастен за една недела, како аналитичар, поради изјавата во среде емисија рекол „Зиг Хејл“(Sieg Heil).

Ван Бастен искоментира на каналот на Фокс Спорт, во интервјуто пред мечот помеѓу Ајакс и Хераклес.

Неговите зборови можеа да се слушнат во студиото вомоментот по интервјуто на ТВ презентерот Ханс Креј(Hans Kraay) на германски јазик со германскиот менаџер на Хераклес, Франк Вормут(Frank Wormuth).

„Не е премногу убаво, sieg heil, пафанкучен (палачинка)“, рече Ван Бастен, користејќи го нацистичкиот германски поздрав.

„Воопшто не ми беше намера да ги шокирам луѓето. Само што сакав да го „објаснам“ германскиот “Ханс”, рече Ван Бастен.

Фокс рече дека платата на Ван Бастен за оваа недела „ќе биде платена на холандскиот институт за воена документација, со цел да се промовираат знаења за историјата на Втората светска војна“.