Голем земјотрес ја погоди утрово Албанија, само 2 месеци по оној во септември кој со 5,6 степени се сметаше за најсилен во последните 30 години.
Силниот земјотрес со магнитуда од 6.4 степени кој го погоди Драч, а силно се почуствува во Македонија и останатите земји на Балканот, ги извади албанските жители на Драч, Тирана и околните градови и села на улица.
Албанските медиуми прененесуваат дека една зграда е срушена како резултат на силниот земјотрес, има и повредени, а штетите предизвикани од истиот дополнително ќе се пребројуваат.
Земјотресот со најголем интензитет, а кој го почуствуваа и македонските граѓани, се случил во близина на Драч со магнитуда од 6,4 степени и на длабочина од 10 километри.
Десетина минути подоцна во Тирана е почуствуван земјотрес со магнитуда од 5.3 степени а во последните пет часа во Албанија се почуствувани дури четири земјотреси. Останатите два се со магнитуда од 4.1 и 3.8 степени според Рихтеровата скала.
Градот е без струја.
Во септемврискиот земјотрес беа повредени над 100 лица, а 500 куќи и 100 станбени згради беа оштетени.
Дописникот на Драч известува за Топ Канал дека околу 10 жители се заглавени во урнатините.


Панорама известува и дека некои станови претрпеле сериозни штети, додека има извештаи за повредени.

Како што можете да видите од сликите, бројни станови претрпеле сериозни штети, додека сè уште нема официјални информации за нивниот број.
Според Панорама, се дознава дека „Во селото Хелмас во Каваја, две куќи се срушиле, но за среќа никој не е повреден.
Во меѓувреме, во станбена зграда во Глас во Каваја, ѕид падна во стан во кој живеат неколку постари лица, но без проблеми.










