ИДЛИБ (АА) – Најмалку 100 цивили се убиени во воздушните напади кои во деескалациската зона во Идлиб од почетокот на месецот ги извршија силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и нивните сојузнички руски сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторите за хуманитарни интервенции во Сирија објавија извештај во кој се наведува и дека поради нападите во изминатите 25 дена во Идлиб биле раселени 50.000 лица од 10.000 семејства.
Меѓу стотиците убиени во нападите во деескалациската зона во Идлиб имаше најмалку 37 деца.
Раселените од Идлиб побараа засолниште во камповите на северниот дел на Сирија, кои се наоѓаат на подрачјето кое турските сили претходно го ослободија од терористите во операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.







