ДОХА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање при посетата на Командата на турско-катарските заедничка сили рече дека никој не смее да биде вознемирен од присуството на Турција на овие простори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на посетата на Катар денеска ја посети и Заедничката команда на турско-катарските здружени сили.
Претседателот Ердоган во своето обраќање на Заедничката команда на турско-катарските здружени сили истакна дека Командата не служи само за стабилноста и мирот на Катар, туку и на целиот заливски регион.
„Заедничката команда на турско-катарските здружени сили е симбол на искреноста. Таа не се заснова на интереси, не е производ на хегемонистички менталитет“, нагласи Ердоган.
Тој, осврнувајќи се на турската воена база во Катар, во своето обраќање рече: „Оние кои бараат нејзино затворање не можат да сфатат дека нашата земја во овие тешки времиња е пријател на Катар.“
Ердоган, исто така истакна дека изградбата на новата касарна е завршена и дека се надева дека таа касарна ќе биде именувана со името Халид бин Велид.










