Кое животно спие најдолго?

Меѓу животните кои најдолго спијат се:

Мачките, можат да спијат дури 11 до 12 часа.
Верверичката, може да спије 13 часа.
Хрчакот може да спие до 14 часа.
Лавот, одмора од 14 до 16 часа.
Лемур спие 16 часа.
Посум може да спие 19 часа.
Армадило во просек спие 19 часа на ден.
Мрзливците 20 часа на ден.
Коала може да спие 20 до 22 часа на ден.

Но, ниту едно од овие животни не може да се спореди со шампионот за спиење.

Поточно, полжавите можат да спијат до три години. Полжавите треба да останат влажни и лигави ако сакаат да преживеат.

Тие зависат од влажноста, во спротивно можат да се исушат и да умрат. Многу полжави пронајдоа начин да спречат губење на влагата со спиење во текот на денот кога е жешко, а потоа јадат и се движат во текот на ноќта.

Меѓутоа, некои полжави можат да се закопаат под земја и да останат во состојба на хибернација. За разлика од повеќето животни кои хибернираат, тие не се кријат само во текот на зимата.

Многу полжави можат да спијат (без храна) до 3 години, а редовното спиење може да трае до една недела. Полжавите обично живеат вкупно 15 години, така што еден од овие периоди на хибернација претставува 20 проценти од нивниот живот.

Nationalgeographic