Омар Дабаа е младичот – херојот од Сирија, кој се обиде да го спречи Ларс Торсен, водач на организацијата „Прекинете ја исламизацијата во Норвешка“ (СИАН), кој беше со намера да го запали Куранот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во изјавата за норвешките медиуми, тој рече дека полицијата не спречила запалување на Куранот во Кристијансанд, и покрај тоа што ветиле дека ќе го сторат тоа.

Сириецот бил приведен од полицијата, откако се обидел да спречи горење Кур’анот на протестите на 16 ноември.

“Торсен го запали Кур’анот пред околу 30-40 полицајци. Се обидов да го спречам да го стори тоа. Полицијата интервенираше само по девет секунди”, рече Дабаа.

Тој потсети дека имало и видеа објавени на социјалните мрежи на кои се гледа Торсен како го пали Кур’анот.

Дабаа по инцидентот беше одведен во полициската станица, но подоцна го ослободија.