НУР СУЛТАН (АА) – Министерот за надворешни работи на Казахстан, Мухтар Тлеуберди соопшти дека 14. Состанок на земјите гаранти за Сирија ќе се одржи на 10-11 декември, јавува Агенција Анадолија (АА).

На прашањето на новинарите за датумот на состанокот на земјите гаранти кое ќе се одржи во главниот град на Казахстан, Нур Султан, Тлеуберди рече: „Средбите ќе се одржат на 10-11 декември.“

13. Состанок на земјите гаранти се одржа на 1-2 август оваа година. Турција, Русија и Иран се согласија да преземат конкретни мерки за да се осигура безбедноста на воениот персонал на земјите гаранти и за заштита на цивилите во деескалационата зона во Идлиб.