Жена со исламска вероиспоовед, во време на бременост, беше претепана во кафуле во Сиднеј во вторникот, а напаѓачот претходно ја навредувал на расна и верска основа, според сведоците.

Според полицискиот извештај, 31-годишната Рана Еласмар(Rana Elasmar). вечерала со пријателките кога била нападната од 43-годишниот Хрват, Стипе Лозина.

Снимките од надзорните камери покажуваат еден маж, за кој австралиските медиуми го објавија како Стипе Лозина, се приближа до масата каде што седеа жените и потоа физички ја нападна Еласмар, каде и нанесе 14 удари со рацете и нзоете, каде што стигна, а потоа го уапсија.

„Откако искоментиравте за муслиманите, и се приближавте и ја удривте во главата 14 пати“, рече судијата Тим Кеди во обвинението, пренесува Индекс.

Лозина уште од порано им бил познат на полицијата. Тој е обвинет за напади и предизвикување телесни штети.

Лозина ќе остане во затвор најмалку месец дена, а можноста да излезе на слобода со кауција е одбијена.

Претепаната жена денеска е пуштена од болницата Вестмид(Westmead).