ЕДРЕНЕ (АА) – Нерегуларните мигранти, кои тврдат дека биле претепани и присилно испратени кон Турција од страна на грчките гранични војници, добија здравствена интервенција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според добиените информации, турските гранични војници во рамки на контролите што ги извршија во забранетата воена зона во близина на подрачјето на Ипсала, фатија 30 нерегуларни мигранти, од кои дел од нив биле претепани.

Нерегуларните мигранти по здравствените контроли се пренесени во градската Дирекција за миграција. Тројца повредени мигранти добија здравствена интервенција.

Мигрантите кои на своите тела имале модринки, со помош на преведувач за АА раскажаа за тоа што го доживеале.

Сулејман Бијен со потекло од Пакистан истакна дека откако преминале на грчката страна биле фатени од грчките војници, и тврди дека овие војници лошо се однесувале со нив.

Бијен нагласи дека војниците најпрвин им ги врзале рацете од позади, а потоа почнале да ги удираат.

„Два дена нè држеа во една куќа и не ни дадоа ниту храна ниту вода. Потоа нè донесоа покрај реката и почнаа да нè тепаат. Војникот ме удри со пушка, целото тело ми е со модринки. Господ нека ја благослови Турција, ме лекуваше, и ни даде храна и вода“, раскажа Бијен.

Билал Тахи, со потекло од Авганистан, рече дека откако биле фатени во Грција, извесно време бил во несвест како резултат на удирањето на неговата глава со пушка од страна на грчките војници.

Тахи тврди дека војниците и полицијата во Грција многу лошо се однесуваат со нерегуларните мигранти.

„Останав уште еден ден таму, а потоа присилно ме фрлија во река. Се предадов на турските војници, кои веднаш ме однесоа во болница. Фала му на Бога, сега сум тука и добар сум“, истакна Тахи, нерегуларен мигрант со потекло од Авганистан.