Претседателот во заминување на Европскиот совет Доналд Туск е новиот претседател на Европската народна партија (ЕПП). Така одлучија синоќа во Загреб претставниците на тие партии на кои Туск им вети дека ќе се бори против популистите.
За Туск гласаа 491 пратеник, а против 37, на Конгресот на алијансата на европските демохристијански партии.
Првиот лидер на Централна и Источна Европа на ЕПП ќе го замени Французинот Жозеф Дол, кој ја предводи партијата од крајот на 2013 година, за време на чиј мандат како претседател, Европската народна партија беше изложена на критики поради порастот на влијанието на авторитарните тенденции во некои од членките на ова политичко семејство, како што се унгарскиот Фидеш на Виктор Орбан и полската владеачка партија на Право и Правда . Овие критики резултираа со сузпензија на членството во ЕНП на унгарскиот Фидеш, а на остра критика беше изложена и македонската опозициска ВМРО ДПМНЕ.
Туск (62) беше единствениот кандидат за нов лидер на европската партија на десен центар и најсилната група во Европскиот парламент.
Со оглед на пролибералната ориентација на Доналд Туск, се очекува да биде намален маневарскиот простор на илибералните тенденции во членките на ова европско политичко семејство.
При последниот јавен настап како претседател на Европскиот Совет, пред студентите на Европскиот колеџ во Бриж, Доналд Туск остро ги критикуваше ставовите на францускиот претседател Макрон.
Нова.









