ЊУЈОРК (АА) – Во извештајот објавен на веб-страницата на Бирото за образование на државата Њујорк, соопштено е дека во учебната 2018/2019 година 114.593 ученици немаат свои домови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот се истакнува дека бројот на ученици кои се опишуваат како „бездомници“ во последните 10 години е зголемен за 40.000 илјади, а најголем процент на зголемување од 18 проценти е регистриран во регионот Бронкс во Њујорк.
Исто така, во извештајот се нагласува дека во различни населби на државата Њујорк има 33.961 ученик бездомник, ако се додадат и тие бројки во државата Њујорк вкупниот број на ученици бездомници изнесува 148.554.
Ким Свит, претседателот на невладината организација „Адвокатите за деца“, рече дека проблемот со учениците бездомници е голем проблем и нагласи: „85 проценти од бездомните ученици од Њујорк се црнци и Латиноамериканци, бројката е 6 пати поголема од капацитетот на затворената спортска сала во Бруклин.“
Во меѓувреме, Бирото за образование на државата Њујорк започна со активности за да се идентификуваат учениците бездомници во училиштата и да се пронајдат решенија за нивните проблеми.









