Еден палестински видеограф е заслепен во едното око откако беше застрелан од израелски снајперист додека си ја вршеше својата работа на протестите кои се случува во градот Хеброн (Ал-Калил) на Западниот Брег.
Муат Амрнах (32), хонорарец од бегалскиот камп за Ал-Диишех во градот Витлеем, Западниот Брег, беше застрелан во левото око додека ги покриваше протестите во селото Суриф кај Хеброн претходно оваа недела.
Фотографиите на Муат со крваво око, во неговата прес униформа и неговиот апарат, последниве денови излегоа на социјалните мрежи, предизвикувајќи кампањи за солидарност со него од целиот свет.

Десетици палестински новинари ги објавија своите фотографии покривајќи го левото око, користејќи ги хаштаговите Муатије, Муата Амарх и Оној Тоут.
Исто така, неколку арапски и странски политичари, спортисти и новинари ја покажаа својата солидарност со палестинскиот новинар, појавувајќи се на социјалните медиуми и телевизија додека го покриваа левото око.
Во вторникот Муат претрпе критична операција кога лекарите успешно го отстранија остатокот од левото око.
Лекарите, сепак, не можеле да отстранат шрапнел од главата поради висок ризик по неговиот живот.
Синдикатот на палестинските новинари соопшти дека оваа година има документирано скоро 600 израелски прекршувања врз палестинските новинари.
„Палестинските новинари беа подложени на израелски куршуми, што доведоа до сериозна повреда на 60 од нив“, се вели во соопштението.
RT









