ИСТАНБУЛ (АА) – Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека околу 12 милиони деца во Јемен имаат потреба од итна хуманитарна помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претставничката на УНИЦЕФ за Јемен, Сара Бејсолов Нианти, објави писмено соопштение по повод 20 ноември – Светскиот ден за детските права, во кое Јемен е посочена како една од најлошите земји во светот за децата, и покрај потпишувањето на Договорот за детски права од страна на Генералното собрание на ОН.
Нианти рече дека како резултат на конфликтот во земјата, социјалните услуги се на прагот на распад, и дека околу 12 милиони деца, односно речиси секое дете во Јемен има потреба од итна хуманитарна помош.
Таа упати апел до сите страни, вклучувајќи ги и јеменските власти, за исполнување на ветувањата за децата.









