АНКАРА (АА) – Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористичката организација ПКК/ЈПГ со минофрлачи погоди училиште во село Џурн во Тел Абјад, при што смртно настрадаа тројца цивили, додека осум цивили се повредени, меѓу кои и деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на турското Министерство за одбрана, терористичката организација ПКК/ЈПГ продолжува со провокациските напади во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, во чии рамки врши и бомбашки терористички напади.

Во ова соопштение се наведува дека ПКК/ЈПГ со минофрлачи погодил училиште во село Џурн кое се наоѓа во Тел Абјад.

Се вели дека во нападот, смртно настрадаа тројца цивили, додека осум цивили се повредени, меѓу кои и деца.