АНКАРА
Турскиот врховен суд денеска изрече казна од 13 години и 15 месеци затвор на еден од неговите поранешни членови поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мухарем Карајол, поранешен шеф на Казнената комора на Врховниот суд во Турција, беше суден од највисокиот суд во главниот град Анкара.
Тој е обвинет за членство во ФЕТО, поради што му е досудена затворска казна во времетраење од 9 години и 6 месеци. Бидејќи пресудата во исто време е пресуда и за членство во терористичката организација, според Турскиот закон за борба против тероризам, по автоматизам неговата казната се зголемува за 50%, што значи дека Карајол е осуден на севкупна казна затвор од 13 години и 15 месеци.
Доколку обвинетиот во текот на судскиот процес покаже покајување, според турските закони можно е судот да ја намали казната, но до тоа не дојде, бидејќи обвинетиот не покажа каење за време на судењето.
Mahir Demishoski









